Техничкиот премиер Талат Џафери од тетовско Селце најави дека ќе оди денеска во Собранието, и оти ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор.

Според најавата на Џафери, можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.

– Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако веќе е искоординирано е да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Секако, работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто се актуелно, истакна Талат Џафери на новинарските прашања по настанот во тетовско Селце.

Според процените на Џафери, ќе се согледаат сите аспекти и во зависност од можностите ќе се употребат решенија.

– Треба да ги согледаме сите аспекти. Таму кај што е можно продолжение на рокот да се продолжи, таму кај што има потреба од друг вид на одлука и решение да се спроведат други одлуки, рече Џафери.

Во тетовско Селце техничкиот премиер присуствиваше на поставување камен темелник за ново училиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.