Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.
Тој денеска објасни дека како Претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое што го пропишува Уставот и законите за да се организираат изборите.
Џафери повторно ги повтори роковите но и законската обврска за формирање на техничка Влада пред изборите.
Во 2024 година ќе имаме двојни избори, за претседател на државата и парламентарните избори. Со тоа ќе се овозможи Владата на оваа земја за првпат да биде предводена од албански премиер – нагласи Џафери.
Тој потсетува дека тоа го налага политичкиот договор меѓу четирите главни партии во времето кога договорот е постигнат.
Прашањето за албанскиот премиер е дефинирано со овој парламентарен состав и беше предмет на политички дискусии во составот на актуелното мнозинство, тоа е политички договор за со владеење во овој мандат, дека последните 100 дена од оваа Парламентарниот состав со техничката влада ќе го води премиер Албанец – рече Џафери.
Запрашан дали постои можност по новите избори да има албански премиер, тој рече дека тоа зависи од консензусот на мнозинството по изборите.
Партиите, најголемите во власта и во опозицијата се поделени околу организацијата на изборите. Власта сака одвоени изборни процеси, односно прво претседателски па неколку месеци подоцна и парламентарни избори. Опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара споен изборен процес за да се заштедат десет милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.