Расколот во Алијаса за Албанците пред денешното Централно собрание се продлабочува.
Техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, соопшти владината прес-служба.
Џафери, како што се наведува во соопштението, доставил и допис до Митрески, согласно наведениот член од Уставот, Собранието да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.
Барањето за смена на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозоција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај АА треба да настапува самостојно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.