Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изрази сочувство до семејството на 14-годишната Вања и порача надлежните органи да го расветлат случајот до крај.
– Разумот, одговорноста кон кажаниот збор и воздржувањето од ширење на дезинформации мора да преовладува во сечие секојдневие. Изолирани криминални случаи не смеат да се користат за дневна политика, ниту да се поистоветуваат со целокупното општество, напиша попладнево Џафери на Фејсбук.
Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.
Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ денеска беше отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.