Идниот Велигден е единствениот можен заеднички термин за редовни парламентарни и претседателски избори. Претседателот на Собранието вели дека законите дозволуваат двата изборни процеси да бидат споени во редовен термин.
Џафери вели дека нема проблем да свика лидерска средба како што побара опозицијата, но вели дека таа зависи од волјата на партиските лидери.
Опозицискиот лидер Мицкоски во Тема на денот на Сител повика на лидерска средба на која би се договорил термин за идните избори за кои опозицијата смета дека треба да се одржат заедно за да се заштедат околу 10 милиони евра.
Ковачевски денеска рече дека не гледа причина за лидерска средба за избори бидејќи уставните измени треба да бидат приоритет на државата. Останува на ставот дека прво ќе се одржат претседателските, а потоа парламентарните избори.
Извор: ТВ Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.