Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кој ги наруши односите меѓу двете земји повторно е активен.На неговото отворање дојде тогашниот бугарски премиер Кирил Петков и потпретседателката Јотова.
Неколку месеци по отворањето овој клуб од Битола беше затворен и избришан од регистарот отако македонското Собрание донесе закон со кој се забрануваат клубови и здруженија кои носат имиња на фашистички соработници.
Но, затворањето не му пречи на клубот повторно да работи и да шири пропаганда.На Фејсбук страницата на клубот редовно се објавуваат статии во кои се навредува Македонија и Македонците.
Па така, во последниот пост се коментира посетата на претседателот Пендаровски кај Вучиќ во манастирот Прохор Пчињски за Илинден.
Денес, кога ние македонските Бугари имаме повод повторно отворено да ја пееме „Изгрева зората на слободата“, повеќе од било кога веруваме дека нашето место во Уставот на Македонија е почеток на нашето враќање.Ние не го негираме правото на другите да бидат северномакедонци, туку ние Македонските Бугари сме наследници на Илинден и ВМРО, и како такви сме државотворниот народ на оваа држава-пишува клубот „Ванчо Михајлов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.