Од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во целост ја демантираат објавата на Комисијата за здравство на ВМРО -ДПМНЕ, кои денеска обвинија за нефункционирање на ургентниот центар на Клиниката.
Во рамки на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во целост е во функција Одделот за ургентна педијатрија со специјалистичко – консултативна дејност и токсикологија, во кој оддел како и во досегашното работење на Клиниката за детски болести се згрижуваат сите итни случаи, на кои по укажаната итна прва помош се згрижуваат на соодветнтие одделенија или на Одделот за интензивна терапија.
Во услови на зголемен прилив на деца со акутни респираторни инфекции и бронхиолити, како и поради потребата за зголемување на капацитети за хоспитализација на пациенти, Стручниот колегиум на Клиниката за детски болести донесе одлука амбулантниот стационарен дел дополнително да се користи како дневна болница (за деца кој примаат некоја хронична терапија и престојуваат само неколку часа на клиника) и тие пациенти да не зафакаат болнички соби.
ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести ја уверува јавноста дека и понатаму ќе ги згрижува, без исклучок, сите деца од целата држава кои имаат потреба од болничко лекување или специјалистичко – консултативна услуга.
Воедно, и предочуваме на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ дека со ваквите дезинформации и невистинити објави го нарушуваат угледот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и создаваат неоснована загриженост и конфузност кај пациентите и нивните семејства, наведуваат од клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.