Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

Во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.

– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.