Димитар Ковачевски на владина седница по наредба на ДУИ, а на штета на здравјето на граѓаните донел одлука за спојување на двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, Назиф Дестани кој важи за близок до високи владини функционери од ДУИ, е основач на компанијата „Еколог“, преку својата фирма во Холандија вложил дури три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“, чија цел е всушност отварањето на рудник на бакар и злато во струмичко. Симптоматично е што само 15 дена откако тетовецот Дестани ги купил акциите во „Еуромакс рисорсес“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која пак како што пишуваат медиумите подолг период се жали пред македонските институции на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда, тврди партијата .
Денеска е закажан протест против отворање на рудник во Иловица на кој ќе биде побарано одземање на споената концесија за рудникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.