Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, во поткастот на Плусинфо, ги анализира причините за поразот на изборите и за падот на СДСМ во последните години, но говори и за своите планови за радикален пресврт и за еден нов почеток на партијата во која е цели 30 години.
Ако околу нешто се обединуваат членовите на СДСМ, тоа е мислата дека ова сега не е добро и дека треба да престане. Луѓето бараат промени, радикален рез, а некаде велат – како со сатар. Јас затоа се залагам за радикален дисконитинуитет со досегашната пракса во СДСМ и за нов почеток“, вели Деспотовски.
Тој прв ја објави својата кандидатура за изборите на претседател на СДСМ, што ќе се одржат в недела на 30 јуни.
Деспотовски најавува радикален рез во кадровската политика во СДСМ.
Ниту еден член на досегашното раководство на СДСМ нема да биде дел од мојот тим, од новото раководство. Тука нема да има никакви компромиси“, вели Деспотовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.