Кандидатот за претседател на СДСМ на последните партиски избори Јован Деспотовски вчера во емисијата Дејли Клик на ТВ21 најави ново партиско раководство по изборите кое ќе треба да го мобилизира и поврати членството во своите редови.

Актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони рече дека големиот број на гласачи за Максим Димитриевски ЗНАМ се разочарани членови или избирачи на СДСМ.

– Според мене новото партиско раководство треба да подаде рака кон избирачите кои заокружиле за Максим, Станува збор за поранешни и сегашни партиски другари во битки кои сме ги воделе 20 години. Вратите за нив се секогаш отворени. Имавме во 2006 слично сценарио. Луѓето се тука, гравитираат околу тие централно левичарски опции и наш прв чекор ќе биде тоа гласачко тело да се консолидира. Новото партиско раководство треба да испрати порака за подавање рака кон тие луѓе, рече Деспотовски.

Тој додаде дека не е важно колку пратенички места ќе освои СДСМ во новиот собраниски состав, туку дали ќе води исправни пшолитики, а пред се кадровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.