Според Јован Деспотовски, едно од имињата кои се споменуваат како следен лидер на СДСМ, одлуката за повлекување од претседателската функција во партијата на Димитар Ковачевски е правилна, но задоцнета.
Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму, вели за „Студио 10“ Јован Деспотовски, Директор на ТИРЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.