Јован Деспотовски од СДСМ гостуваше во емисијата 24 анализа и кажа дека почетна основа за идната влада во следните четири години треба да биде извештајот на „Фридом хаус“, ако целта е да се делува чесно и фокусирано.

„Да се фокусира на слабите точки и да испорача добар резултат. Се нотираше дека големи биле очекувањата кај граѓаните во 2017, карактеристиката била недемократската влада и режимот. Добар дел од работите беа ветени од страна на СДСМ во 2017 и 2020 и дел од работите се реализирани. Реална ситуација и реален пресек на нештата и ова треба да е појдовна основа“, рече Деспотовски.

Според Деспотовски, нема нешто неочекувано со оглед на извештајот од ЕК и треба да си признаеме дека работите не секогаш се такви какви што посакуваме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.