Пензионерите се жалат дека сојузот на Станка Трајкова им ги укинува автобусите за денешниот протест. Велат дека вчера и денеска во општинските здруженија се јавувале луѓе од сојузот за да им прават притисок да не протестираат. Во дел од градовите пензионерите сами барале донатори за да им обезбедат превоз до Скопје.

„Неколку најави имаме дека биле повикувани и им биле откажувани автобусите бидејќи автобусите треба да ги обезбеди здружението на пензионери. Има фонд, има членарина и сето тоа. Но, под разни политички и партиски притисоци на некој му беше одземено тоа право, но ние сепак најдовме и донатори. Дали градоначалници, дали некои фирми, успеавме да организираме 30 автобуси. Имав информација за Свети Николе дека сојузот им ги укинал автобусите, но поради притисокот на членството, повторно им се вратени.“ – Драган Угриновски, иницијативен одбор на пензионерите

Протестот ќе го започнат во 11 часот пред просториите на сојузот и таму ќе го предадат писмото со нивните барања. Оттаму ќе се упатат пред министерството за труд и социјала каде ќе бараат итна средба со министерката. Според проценките, денескка во Скопје треба да дојдат околу 2 илјади пензионери од повеќе градови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.