Денеска се празнува Св.Наум Охридски зимски. Ова е голем празник и се одблежува во манастирот на Попова Шапка. Овој манастир стана познат по настаните со насилното симнување на знамето на МПЦ пред Нова Година.

Општина Тетово потоа издаде решение за рушење на крстот во манастирот за што во моментов се води жалбена постапка.

Во овој манастир на денешен ден секоја година одеше поранешниот претседател Ѓорге Иванов но сегашниот шеф на државата Пендаровски не ја продолжи оваа традиција.

Но, на Шапка денеска беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.