Во земјава денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. За разлика од пред три месеци кога имавме мачни сцени, денешниот ден се очекува да помне мирно бидејќи не се очекуваат гости од Бугарија.

За тоа што се смени во последните три месеци, од 4 февруари кога во тензична атмосфера и со силни безбедносни мерки се чествуваше роденденот на македонскиот великан, проф.Тодороска е децидна:

 

-Бугарите сфатија дека настапуваат премногу агресивно некаде каде што воопшто немаат никаква потреба. Тоа е првата работа. Второ е што македонскиот народ веќе не толерира никој да му наметнува, никој да го малтретира со некои ставови за кои нема потреба да се дискутира. Значи, не е дискутабилно дека Гоце Делчев е роден во географска, во етничка Македонија, не е спорно дека тој се борел за Македонија како самостојна држава, никогаш не се борел за Бугарија за да го сметаме за Бугарин. Сето тоа почнува толку многу да излегува на површина со самото тоа што бугарската политика веќе внесе толку зла крв меѓу народот, нешто што никогаш го немало меѓу обичниот граѓанин, да речеме меѓу Македонците и Бугарите. Така што мислам дека се сецнаа и сфатија дека секоја понатамошна нивна агресивност ќе донесе само непријатности за бугарската држава. Ако видите дека Бугарија е таа која што има 17 судски пресуди од еминентни европски судови за признавање на македонското малцинство во Бугарија, тие сфтија дека веќе таму нема игра. Не можете вие, напаѓајќи го другиот, да добиете нешто. А, зошто го напаѓате? Затоа што немате нешто свое и се обидувате на другиот да му го одземете она што е негово. Така што мислам дека тие сфатија дека претераа, дека ја прекардашија целата работа. Историјата си го кажува своето и си стои на тоа дека е прифатлива само документацијата која што се интерпретира точно во времето кога е создадена, во времето во кое што се живеело и токму и затоа вие треба науката да ја гледате како многу сериозна, како наука одалечена од дневно-политичките случувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.