Денеска почнала дистрибуцијата на учебниците за шесто одделение, за кое, од годинава, настава се одржува според новата концепција. Се доставуваат и учебници до средните училишта, но и тамо со одложување.

Од почетокот на новата учебна година јас изјавив дека крајот на септември и почетокот на октомври ќе се поделат учебници. Денеска во дел од училиштата се поделени учебниците за шесто одделение, а јас ќе побарам ако треба и во сабота и во ендела да се поделат сите учебници – рече министерот за образование Јетон Шакири.

За министерот е доволно тоа што во септември имале доставено повеќе од 80 оотсто од учебниците, има и за прв пат во 10 години доставено учебници во гимназиско образование, а во стручното по 13 години. Но, нагласува дека министерот нема одговорност секаде да интервенира.

Во однос на учебниците во средните училишта, каде се жалаат дека учат од парталави учебници, Шакири вели дека дел од издавачките куќи кои ги имаат правото на сопственост, побарале пет дена одложување за да може да се обезбедат за сите ученици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.