Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да поднесат оставки на функциите, со што почнува формално-правната процедура за подготовка и избор на техничката Влада в недела на 28 јануари – 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај, две недели пред претседателските избори.  Учеството во техничката влада синоќа го официјализираше и ВМРО-ДПМНЕ откако Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри, но остана на ставот да не гласа за владата.

Панче Тошковски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМННЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и причината за формирање на техничката влада. Причината поради која ВМРО-ДПММНЕ одлучи да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо, се наоѓа во тешка ситуација и е заглавена во криминал и корупција, изјави по седницата на ИК потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

СДСМ претходно ги објави имињата на кандидатите за техничката влада во која дополнителни заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика се Митко Бојмацалиев и Јована Тренчевска, а според информации на МИА остануваат исти министрите од ДУИ и Алијанса за Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пресрет на седницата повтори дека нема да ја гласаат техничката влада со Талат Џафери, кој, како што истакна, не заслужува да биде гласан.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

– Нема да бидеме како СДСМ. Да, ќе бидеме во собраниските клупи, само ќе се воздржиме од гласање. Цениме дека Талат Џафери не заслужува да биде гласан. Ако го гледаме вториот мандат неколкупати тој го крши Деловникот, Уставот. Тој е плод на политички договор кој го имале СДСМ и ДУИ. Вие не може да поддржите политички договор на политички партии во чие што друштво вие влегувате по сила на закон, рече Мицкоски во телевизиско гостување.

И покрај тоа што опозициската партија нема да гласа за техничката влада, според Џафери, нема пречка нејзините министри да не бидат дел од неа.

Џафери, кој треба да биде мандатар на преодната влада, прашан дали ќе му пречи доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за новата техничка влада изјави дека по дефиниција пратеникот е слободен во волјата и во одлучувањето.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран

-Во два мандати сум избран претседател на Собранието. Не менувало ништо во нашите односи тоа што гласале или не гласале. Ако се раководиме по таа логика тогаш би требало да ни пречи и фактот кој граѓанин како гласал на избори па да „ловиме во матно, посочи Џафери.

Најавеното воздржување на ВМРО-ДПМНЕ од гласањето за владата, од владејачката СДСМ вчера го оквалификуваа како политички парадокс. Порачаа дека ВМРО – ДПМНЕ мора да научи што значи законска обврска и оти законски одредби треба да се почитуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.