Денес на парламентарни седници во првата фаза, од сите присутни пратеници, беа поддржани два многу битни закони.

По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да гласаат.

Во првата фаза беше поддржан и Предлог – законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, закон со кој ќе започне неселективна борба против организираниот криминал и справување со високата корупција.

Се предвидува формирање на независна Агенција, надвор од какви било политички и други центри на влијание. И по овој закон следи амандманска расправа и повторно изјаснување на пратениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.