Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец.
Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообраќај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа.
Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.
Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.
Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор.
Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.
Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.
Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта, нагласуваат од Демократскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.