Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Норвешка кои го презенираа моделот на дигитализација во судството, како и карактеристиките и перформансите што треба да ги има системот на нашата држава.

Целосната дигитализација на судството ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Како што се посочува во соопштението, дигитализацијата и интероперабилноста ќе придонесат да се зајакне довербата на јавноста и заштита на системот, побрза правда, намалување на корупцијата, ќе го олесни доставувањето на докази и документи, намалување на трошоците на судските постапки, како и намалување на бројот на одложени судења и нула хартија.­

­

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.