Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска за ТВ21 истакнаа дека немаат никакво писмо во врска со екс градоначалничката Теута Арифи.

„ЕУ не доби никакво официјално договорно писмо за смена на актуелниот шеф на мисијата од Владата на Македонија“, велат за ТВ21 од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Инаку, изминативе денови во јавноста се појавија информации дека Теута Арифи ќе биде именувана за амбасадор.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека никогаш не било пратено барање за добивање агреман за која било држава за именување на Теута Арифи за амбасадор.

„Никогаш немало формализиран предлог за Теута Арифи. Имало размислување, но никогаш формализиран предлог за да биде пратен во Брисел“, рече шефот на дипломатијата Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку е позитивно одговорено од шесте предлози испратени од МНР, односно од Владата, до Кабинетот на претседателот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.