Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, придржувана од организацискиот секретар Вангел Андрески и претседателот на ОО СДСМ Крушево Трајче Калески, денеска во Крушево по повод 2-ри Август – Денот на Републиката, оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на Слива „Хероите на Слива” и на Мечкин Камен.

Илинден е нашата сила за иднината, а иднината е европска во модерна, независна држава пријател на регионот и демократскиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.