Самата држава им испраќа порака на вработените, особено оние на пониските позиции да си заминат од администрацијата, вели за Детектор претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски.

„Со ваквите политики, години наназад, мислам дека самата држава им дава порака на вработените во администрацијата, особено оние слабо платените во референтската категорија да заминат од јавната администрација, од државната администрација.
4300 мислам дека беше вкупниот број на заминати од администрацијата и со природен одлив и со заминување од работно место за рок од две и пол години. Тоа е огромен број на вработени кога ќе ја земете структурата на вработените во јавниот сектор воопшто. Тоа ќе се случува се почесто и почесто, нема да имаме добар кадар, за жал“ – објаснува Дејановски за Детектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.