Уверен сум дека решението на спорот меѓу Скопје и Софија може подобро да се постигне во рамки на ЕУ. Инсиститирањето на идентитетски прашања во  билатерален спор не треба да биде приоритет во моментов, оценува директорот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје, Даниел Браун.

– За жал за ова зборуваме повеќе од една деценија. Македонија ја покажа својата подготвеност за постигнување договор со нејзините соседи, но тоа не може да се постигне еднострано и е тешко изводливо ако една страна има потврди позиции. Уверен сум дека решението за билатералниот спор може подобро да се постигне во рамки на ЕУ, но денес се соочуваме со нови војни во Европа и тоа треба да биде сигнал за сите демократии дека е подобро да сме обединети во рамки на нашите демократски институции и сојузи. Инсистирањето на идентитетски прашања не треба да биде приоритет во моментов. Договор е можен ако кај двете страни има волја за компромис, вели Браун запрашан за оценка за можностите земјава да ги почне преговорите со ЕУ оваа година пред промоцијата на две аналаизи за евроинтегративниот процес за Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.