Поранешната претседателка на судски совет Весна Дамева со тужба до управниот суд ја оспори законитоста на донесената одлука за нејзиното разрешување. Во писмениот допис до медиумите таа наведува дека на овој чекор се решила поради заложбата за владеење на правото и дека секоја незаконитост, алудирајќи на начинот на кој беше сменета од претседателската позиција во судски совет, треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон.
– Одлуката е донесена без постоење на законски основ и без да биде спроведена постапка пропишана со закон. Во отсуство на законски одредби кои ја регулираат ситуацијата за разрешување на претседател на Судскиот совет, недозволено е тоа да се користи и да се супституира со арбитрерно постапување, донесување, па отповикување на одлуки и создавање на правна несигурност внатре во Советот, што се одразува и во перцепцијата за работењето на овој важен орган во остварување на неговата задача, да ја обезбеди и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите, наведува Дамева во псимениот допис.
Покрај тужбата до управниот суд, Дамева поднесла и кривична пријава до Основното јавно обвинителство поради постоење на основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената должност и овластување согласно членовите 353 и 45 од кривичниот законик.
Убедена дека правосудниот систем има капацитет да одговори на сите предизвици и да им обезбеди правна заштита на граѓаните и согласно тоа да не дозволи самоволие и беззаконие да владее во државните институции, Дамева во писмената изјава посочува дека посегнала по правна заштита не поради себе лично туку поради угледот на судскиот совет и интегритетот на вработените во него.
Дамева беше разрешена на 4 мај годинава во постапка која не е предвидена со закон и со деловник а при повторен обид на Судскиот совет да обезбеди мнозинство по што за нов претседател на затворена за јавноста седница, беше избран штипскиот судија сашко георгиев од 13 члена на советот со 8 гласови за. Начинот на кој беше разрешена предизвика остри реакции во јавноста на кои заеднички именител им беше тоа дека разрешувањето е извршено без правен основ. Првиот обид за разрешување на дамева се случи на 26 април когаДдамева се разреши со 7 гласови за, а на седницата на 4 мај беше отповикана оваа одлука па одново спроведена постапка во која наДдамева и беше изгласана прво недоверба а потоа беше и разрешена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.