Утре се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Mакедонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Богослужбата ќе биде во црквата Свети Спас во Скопје, јави бугарската агенција БГНЕС.
Официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во странство. Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба, пишува БГНЕС.
Честувањето на македонскиот револуционер заедно со Бугарија предизвика големо незадоволство кај граѓаните. Претседателот на историската комисија Драган Георгиев смета дека ова чествување е дело на владата и оти нема согласност од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.