Во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел, пишува на Фејсбук, Наќе Чулев.

Во неговиот статус, тој понатаму вели:
Имено, станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани.
Претходно, на социјалните мрежи тој имаше јавен пост во кој има недвосмислени елементи на говор на омраза што е кривично дело предвидено во Кривичниот закон.
Оттука, се поставува прашањето дали безбедносните проверки за ова лице се направени стручно и професионално со оглед на високиот безбедносен ризик при обезбедување на домашни и странски ВИП личности и делегации.
Дали функционерите на ДУИ, како Бујар Османи, кој јасно го осуди нападот на Хамас врз Израел, се свесни дека нивен поддржувач има дијаметрално спротивни ставови, а чува нивни колеги од Владата како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Министерството за внатрешни работи треба да даде одговор на следните прашања?
1. Дали МВР и Оливер Спасовски и Сашо Тасевски имаат поинаков став од МНР на Бујар Османи и Владата за нападот на Хамас врз Израел
2. Зашто Директорот под чија директна надлежност е Управата за обезбедување досега не поднел дисциплинска постапка за високиот полициски службеник
3. Дали АНБ ќе направи чекор и ќе му го одземе безбедносниот сертификат на овој началник бидејќи неговото делување е спротивно на официјалниот државен став по однос на Израел
4. Дали сега Стево Пендаровски ќе излезе со став по однос на овој анти-НАТО наратив на висок полициски службеник или ќе премолчи за да не му биде замерено пред кампања?
5. Дали доколку во земјава би престојувал официјален претставник на Израел, ова лице ќе биде дел од придружбата и ќе има контакт до агендата и локацијата на израелските гости?
6. Дали со вака искажаниот став истиот всушност свесно се става на располагање на ќелиите на Хамас задолжени за операции и саботажи надвор од Израел?
Повиците на Хамас вчера беа: Смрт на Израел, смрт на Америка 7. Дали со давањето јавна поддршка на Хамас, овој началник на МВР всушност го посакува истото за најзначајниот стратешки партнер на Македонија
Секое премолчување, неосудување и несанкционирање на ваков безбедносен инцидент е уште една потврда дека македонскиот безбедносен систем на чело со СДСМ и ДУИ е фрлен на колена и дека безбедносните реформи се само празна флоскула, пишува Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.