ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да нема техничка влада, само ДУИ со стотици скандали зад себе да нема технички премиер.Од изградбата на коридорите, до самитот на ОБСЕ, не постои работа за која се фатија кадри на ДУИ, а да не ја компромитирале, велат од опозициската партија.
Кога ќе се спомне криминал и корупција и малите деца мислат на ДУИ.Партија која нема некомпромитиран функционер не може да биде партијата која ќе даде премиер, па дури тоа било и за 100 дена.
ДУИ 7 години се најлош репрезент на Албанците, тие се репрезент само и само на своите лични интереси, а стотици Албанци, исто како и Македонци на неделна основа ја напуштаат Македонија.
Државата не треба да биде водена од структура која длабоко во своите корени е криминализирана. Потребен е нов пристап и борба против криминалот и корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.