Овој е начинот на кој советничката на Левица Виолета Аврамоска бесрамно, дрско и потценувачки си тера мајтап со граѓаните на Општина Охрид и членовите на Советот, напиша на својот ФБ профил претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

Со поднесените 80 амандмани по предлог Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, советничката предлага зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.

 

Иако советничката знае дека цената ја утврдува Владата, таа свесно сака да ја блокира седницата на Совет со што ќе ја донесе во прашање Одлуката за обезбедување на финансиски средства за организација на Охридскиот пливачки маратон – наведува Донев во својата реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.