Монструозниот чин на Љупчо Палевски со двојното убиство, а особено убивањето на дете ја потресе и згрози македонската јавност, но отвори и многу прашања. Пред се зошто никој не реагирал и не го санкционирал човек кој ширел повици за насилство, говор на омраза, но и човек кој добро познат со досие и еден куп матни случаи зад себе.
Но, тука има и други прашања кој се го поддржуваше, со кого соработуваше и зошто непречено имаше пристап до медиуми за да ги шири своите ставови кои беа полни со говор на омраза.
Тоа што и е познато на јавноста е дека Палевски имаше своја емисија на порталот „Инфомакс“ каде непречно добиваше медиумски простор. Тоа го коментираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој вчера изјави:

Факт е дека во оваа држава за жал постои стимулирање на девијантно однесување на одредени поединци кои веруваат дека се над законите и процесите и не е дека некој стимулирал. Системот создал уверување кај групи дека има неказнивост во овој систем и тоа е тоа за што треба да разговараме и да видиме кои се чекорите да се преземат. Сите кои сме во јавниот живот треба да се запрашаме како да се однесуваме кога имаме пристап до медиум затоа што еве во сферата на политиката слушам други политичари дел од нив пратеници, носители на одредени функции како зборуваат дека ќе ве стреламе, ќе ве бесиме, ќе лежите и сето тоа тој начин на изразување и говорење го гледаат дома и млади деца и бидејќи нели политичарот е репрезент на граѓаните и си велат ако политичар ви вели ќе ве стреламе, ќе си лежите, ќе ве бесиме тогаш таа агресија е општествено прифатена. Сите мора да го подигнеме нашиот степен на одговорност кога пред нас има камери и јавност бидејќи доколку не го направиме тоа стануваме соучесници во една општествена агресија која за жал се шири како епидемија… Зошто МВР и безбедносните служби систематски имаат дозволено и имаат толерирано една криминална група да се движи активно низ државата, да се претставува како медиумски создавач на мислење, да имаат пристап до веб страна која се преставува како медиум а тоа е Инфомакс каде што држат дебати заедно се таму неколку субјекти политички, вклучително и субјектот каде 4 членови и претседателот на партијата веќе не само осомничени туку и признаени за извршеното дело, тие се монструмите национални во оваа држава и сето тоа системски државата дозволува со години да функционира. онструмот Љупчо Палевски прво објавувал лажна информација за член на моето семејство со слика од моето семејство таа се споделува на Инфомакс па потоа има цела дебата при тоа индиректно повикувајќи на агресија на моето семејство и лица активни во политичкиот свет, значи некој дозволил тоа да функционира.

„Вечер“ пак денеска отвори уште едно прашање – врската на Палчп со Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев.
И Палчо и Апасиев, како и останатите истакнати членови на Левица се меѓу најредовните лице кои се појавуваат на Инфомакс, ширејќи исти ставови. Јавноста тоа го коментира како лажен патриотизам, глумење на опозиција на опозицијата, повици за некакви линчувања на неистомисленици, говор на омраза, недоличен говор и недолични називи кон секој еден кој не мислел како нив.

Но, можеби и не е случајно нивното можеби координирано појавување на порталот. Љупчо Палевски и Левица со години се на иста страна, од Шарената револуција, и се понатаму. Ги спојува и СЈО, проeктите на Зоран Верушевски, магот на „подземната полиција“ и провокациите кон опозициската ВМРО ДПМНЕ од нивната лажна патриотска платформа, објави „Вечер“.

Апасиев и Палчо и двајцата беа дел од т.н. Шарена револуција, а потоа откако јавноста виде за каква измама станува збор и двајцата почнаа да се оградуваат од тие протести. Понатаму, Палчо доби снимки или познати како „бомби“ кои слободно ги пушташе во јавноста, односно снимките кои беа основата за обвиненијата на СЈО, во кое одреден период беше токму Апасиев.

На 4 дена пред монструозното убиство на малата Вања, Палевски објавува дека им се заблагодарува на Левица и најавува соработка.
И ако се погледне статусот на Палчо, таму тој пишува дека Левица ја поддржала со гласање неговата иницијатива во Собрание, но и дека Апасиев е коректен во политичките решенија на Десна, партијата на Палчо, воедно најавува и соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.