Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта, Спасов од „Рејтинг“ добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1. Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?“, праша портпартолката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно, како што истакнува Митева, може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

„Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле“, додава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.