Повеќе од една недела, Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на Мисијата на Фрчкоски во Њујорк?На сметката на мисијата се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, префрлени се лани, по продажбата во септември,прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од тогаш, на два пати, во декември лани и јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!?
Почитувани уште нема одговор, како е можно амбасадор да не постапува по инструкции и да остане неказнет за тоа?
Како е можно да не враќа пари на граѓаните во буџет?
Дали е вистина дека конфликтот за парите трае уште од септември лани кога Димитар Ковачевски беше во Њујорк, а Фрчкоски со свој препознатлив стил на зборови му рекол дека нема да ги врати парите?
И по сето тоа Фрчкоски е неказнет.
Вакво самоволие е недозволиво.Фрчкоски беше одбиен да биде амбасадор во држава сојузник на Македонија, па беше испратен во Мисијата во ООН, да амбасадорува, сепак, во САД.
Кој и што e тоа што му дозволува вакво однесување на Фрчкоски, но и ваква понизност на Османи и Ковачевски кон самоволие на Фрчкоски?
Каде е Стево Пендаровски во сиот проблем? Македонија и денес страда од транзициските олигарси коишто уживаат на грбот на народот!Владата веднаш да соопштат за што се планирани овие пари?Дали повторно на повидок е матна скапа зделка на Фрчкоски?Ковачевски турка нови даноци, а Фрчкоски не му враќа пари, 4 милиони долари во буџетот, и ужива во неказнивост.-прашува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.