Бугарскиот професор Евгени Даинов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека бугарскиот премиер и влада прават сè што можно да ги покренат работите околу Македонија, но ги стопираат две партии од коалицијата – Има таков народ и БСП – поранешната комунистичка партија. Истакна дека во Бугарија 80% од Бугарите сакале Македонија да биде членка на ЕУ, додека пак сега после три години 60% не сакаат.
Човек кој мисли дека друга држава може да му ја украде неговата историја и неговиот идентитет. Овој човек е дупка, празен простор. Тој е вакум. Кога имаш самодоверба знаеш кој си, никој не може да ти украде ниту историја, ниту идентитет, но бидејќи Бугарите се втерани во оваа хистерија и се чувствуваат слаби, без идентитет и си замислуваат дека некој може да им ја украде историјата. Тоа не може да се случи. Сите историски спорови се за минатото, не се за мене овде и сега и не се за мене во иднината. Тоа треба да се каже и од двете земји, бидејќи Европа не разбира, ЕУ не сака да го разбере точно тоа, како разговор за минатото, за историјата се наоѓа во основа за разговор за политиката, што е разговор за иднината. Оваа врска треба да биде прекината од Бугарија. Бугарија ја направи оваа врска и Бугарија треба да ја прекине, рече Даинов.
Нема лесно и брзо решение бидејќи средината е отруена и јас навистина стравувам дека ако утре се подигне ветото овде ќе има проруски бунт. Подготвени се, има списоци на луѓе за затворање, објаснува професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.