ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието, соопштија од партијата и ги повикаа сите пратеници во Собранието на Македонија да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери.

Исто така Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување.

Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието.
Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ.

Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието.

Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка?

Постои основан сомнеж дека и Ковачевски и ДУИ намерно провоцираат сценарио во Собранието кое треба да биде дефокус од реалните проблеми, неспособноста и криминалот на власта.

Оставката на Џафери е основан и логичен чин после целото негово поведение и очекуваме СДСМ на Ковачевски да има барем грам доблест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.