Како крајно некултурно и необразовано го кокоментира Ивор Мицковски ветувањето на премиерот Димитар Ковачевски дека „повторно ќе имаме поголем стандард  од сите граѓаните од кои што порано сме имале поголем стандард“.

Да тропаш вака колосални глупости значи дека си прерипал основно образование и не разбираш ништо од историски контекст, пропорција на територии, економии и популации, како и колку споменатите земји се вклучени во германската економија или зошто се дел од американската геополитичка авангарда, да не знаеш да разликуваш каков историски инцидент и неопходен бафер била Југославија, да немаш појма дека Чехословачка пред Втора светска била поразвиена од Швајцарија, да не гледаш дека Полска повеќе од деценија добива преку 110 милијарди од ЕУ, дека ќе создаде најголема армија во Европа.
Воопшто, да ја споредуваш Македонија со овие земји, па дури и Бугарија, не е само погрешно, туку е крајно некултурно и необразовано.
Не можеме да се споредуваме со џуџињата од ЕУ, како Словенија, Кипар или Малта, камоли со историски самосвесни и економски развиени земји, вели активистот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.