Денес остварив средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и ја истакнав мојата заложба за економска, политичка соработка и водење на политика на добри и интензивни односи. Посочив дека добра основа за соработка се образованието, културата, транспортот, науката и да ги искористиме потенцијалите кои стојат на располагање од интензивираното пријателство, објави на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.