Штипските здравствени ординациите деновиве бележат зголемен број на пациенти со горнореспираторни и долнореспираторни заболувања. Инфекциите кај граѓаните сѐ почести, симптомите се различно вели Златко Стојменов специјалист интернист. Посочува дека има случаи во кои пациентите имаат изразени симптоми, но има и такви кои поминуваат без температура и компликации.
Факт е дека доминираат вирусни инфекции без, но и со температура, има такви кои се задржуваат на горните дишни патишта, но и такви кои даваат компликации и во вид на бронхитис. Зачестени се ваквите посети од страна на пациентите, изразито зачестени во нашите амбуланти. Емпириски загадувањето може да биде фактор кој учествува да се добијат ваквите инфекции, но тоа сѐ уште не е докажано, вели Стоjменов.
Контактите и изолацијата можат да го спречат ширењето на вирусните инфекции, исто како примерот со корона вирусот. Забележува дека колку помалку контакти се оставаруваат толку се помали шансите вирусот да се шири. Апелира на внимателност бидејќи пораст на заболени од грип допрва се очекува.
Изолација од болните членови, внимавање на хигиената и употребата на хигиенски средства, на чашите, приборите за јадење, да се изолираат едноставно пациентите кои веќе ги добиле респираторните инфекции од останатите од семејството. Здравите да ги избегнуваат луѓето кои се со симптоми. Очекувам пораст на инфлуенсата на грипот кај пациентите, а таквиот пораст ќе даде уште поголем број на ваков вид заболени на респираторни заболувања, додава Стоjменов.
Советува дека со подобрување на временските услови и можноста граѓаните да се движат на отворено и да проветруваат ќе се чувствуваат подобро. Маските носат резултати, како и одржувањето хигиена.
Инаку во Штип по седум дена континуирано загадување на воздухот од 150 до 220 микрограми ПМ честички, веќе попладнево по кревањето на маглата и ведрото време мерната станица на лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип покажува 59,8 микрограми ПМ честички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.