Детската амбасада Меѓаши, микробиологот д-р Никола Пановски и доктор Злате Мехмедовиќ бараат да се преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Тие на дебата организирана од детската амбасада дискутирале за одлуката на Владата за претстојниот почеток на второто полугодие.

Експертите се против владината одлука второто полугодие да почне на 1 февруари со физичко присуство. Според експертите и понатаму децата треба носат маски во училниците. Тие додаваат дека сите светски истражувања покажувале дека маската не влијае врз здравјето на децата.

Веројатно најдобро ќе беше да се почне со онлајн од 1-ви февруари во наредните две недели, а понатаму да се дискутира откако ќе видиме како ќе се одвива епидемиолошката состојба, смета д-р Мехмедовиќ.

Микробиологот Пановски, пак, смета дека е добро одложувањето на второто полугодие и дека добро е на почетокот и помалите ученици да носат маски кои се подисциплинирани, меѓутоа кога ќе затопли, контролирано треба сите да се заразат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.