Многу сум благодарен за формирарањето на оваа анкетна комисија заради една причина – луѓето можеа да видат дека покрај докторите како пружачи на здравствени услуги, има цела една екипа на одлучувачи кои се невидливи, а од кои што зависат многу, многу работи. Таа екипа на одлучувачи се наоѓаат во Министерството за здравство, во Фондот за здравствено осигурување, во МАЛМЕД и сите институции кои што треба да го следат здравствениот систем. И тука видовме дека се пишувани извештаи за работата на Клиниките и на Клиниката уште во 2019 година, истакна доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Д-р Николов потенцираше дека не само што алармирала седмата сила, туку алармирале одредени контролори, инспектори и служби кои што се пратени од овие институции каде што се дадени препораки и корективни мерки кои што треба да се спроведат и да се направат, но тоа не е спроведено.

Прашањето е кому му одговарало овие корективни мерки и ваквата состојба се остави да трае долго време и тоа е легитминото прашање на кое веројатно анкетната комисија ќе помогне или ќе го отвори патот на ова Обвинителство да резултира со расчистување на оваа афера. Уште еднаш апелирам да не се заврши на расчистување на оваа афера и да не се заврши аферата со “кабелот е крив”, потенцираше доктор Николов.

Тој појасни дека ако се прочитаат извештаите и забелешките кои доаѓаат од повеќе институции јасно е дека нема вистинска евиденција на влез и излез на лекови, дека нема вистинско одржување и никој не поставува прашање тумор бродовите што не одржувале состаноци и не одлучувале за пациентите, туку тоа било оставено на индивидуални одлуки.

Во дадената ситуација секако може да се лоцира проблемот. Втората работа е зошто 4 или 5 години откако е воведена оваа терапија, не бил корегиран и не бил отстранет, заклучи Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.