Ние ќе направиме се за да ја вратиме довербата во здравствениот систем, која очекувано е изгубена минатиот период, посебно заради се што се слуша во јавноста, истакна д-р Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на дебата Здравствена платформа за иднина на тема „Концепт за здравство“ што се одржа во Штип.

Почетокот за ова ќе биде апликација на стручност,апликација на протоколи за лекување според кои секој пациент треба да биде соодветно насочен низ одредените нивоа на здравствениот систем.Треба да ја надградиме дигитализацијата што последниве години застана, треба да ги надградиме протоколите и следливоста.

Главниот проблем заради недовербата и во последниот скандал е дека некој одлучил да ја укине следливоста на третманот и тоа да биде индивидуално во зависност од тоа дали се допаѓате на некој или не.
Тие работи никогаш не смее да се повторат и верувам дека со воспоставување на вакви правила ќе почне враќањето на довербата во системот’, посочи д-р Николов одговарајќи на прашање како ќе се врати довербата на граѓаните во здравството, за да не се повторат случаи како тој на онкологија со лечењето со физиолошки раствор,добивањето несоодветна терапија и тн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.