Прва стратешка грешка е одлуката да се прекине готов проект на Клинички центар и лажните ветувања дека ќе направат нов Клинички центар, таму некаде без план, без проект. Еден од најголемите проблеми кои ни ги посочуваат граѓаните во секојдневните наши средби се долгите листи за чекање за интервенции посебно по ковид 19 односно неможноста да дојдат до здравствена услуга, истакна доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот став го пренесуваме во продолжение:

За ова никој не презема мерки со цел да се намалат листите на чекање – ова се дел од моите поенти од вчерашната трибина во Струмица, посветена на рестартирање на здравствениот систем во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”.

Имаме намалена грижа за пациентите со малигни заболувања – не е ставен во фунција нитуеден од трите акцелератори ниту оној на Kлиниката за онкологија, ниту оној во ГОБ “8 Септември” и ниту пак во Клиничката болница Битола, а сите се набавени пред 2017 година. За овие пациенти има континуиран недостиг на терапија.

Нема ленти за дијабетес иако ветувањето беше дека дијабетичарите ќе се лекуваат со модерни лекови.

Ова се само дел од погрешните стратегии кои ги видовме во здравството во изминатиот период и за кои нема корективни мерки, а проблемите само се заташкаа без преземање мерки за нивно отклонување.

Веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземеме активности за отклонување на неправилностите со кои секој ден се соочуваат пациентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.