Докторите работат по протоколи и јас сум убеден дека најголемиот дел од медицинските работници, од лекарите како на Клиниката за онкологија, така и другите клиники професионално ја извршуваат својата работа и според европските и светски протоколи – рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој појасни дека благодарение на Анкетната комисија видовме дека не се сами здравствените работници тие кои одлучуваат, туку позади нив има цела група на разно разни фактори и луѓе кои одлучуваат и ги поставуваат “белите мантили” во една непријатна состојба кога мора да бидат изложени како на барања од оние кои имаат мака, така и на притисоци од јавноста, од различни фактори, директори, економски и неекономски,различни претседатели на комисии и тн.

Индивидуалните случаи што побрзо треба да се санкционираат од страна на истражните органи затоа што не може целиот персонал кој е професионален во најголем дел да преземе дел од таа одговорност која е резултат на системски недоследности – посочи Николов.

Во однос на сегментот на позитивната листа и финансирањето на условен буџет, д-р Николов потенцираше дека се дојде на власт со најава дека ќе има современа позитивна листа за до ден денешен да нема никаква промена на позитивната листа.

Условниот буџет не постои во ниту една европска држава за купување на медикаменти зашто тоа претставува злоупотреба што се пролонгира 7 години. Ветувањето дека ова ќе се прекине е нереално и не се случи и ова оди во насока на раскалашено трошење на парите на здравствените осигуреници – заклучи д-р Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.