Матичните лекари денеска ќе протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти. Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен

Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е!, напиша Лазаров.

Како што најавија лекарите, денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите Мој Термин нема да функционира.

Секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот, ЦЕЛИОТ ДЕН протестираме и искажуваме револт кон:

1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија
2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари
3. Воведување партиципација во примарно здравство
4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар
Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи!
За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство.

Доста е!, порача Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.