Овој срам никогаш нема да си го испереме, вели проф. д-р Драган Даниловски, коментирајќи ги обелоденетите криминалии со лековите на пацинетите од Онкологија.

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:
И овој да не е од „таквите“?
Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.
Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!
Едит:
Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.