Професорт д-р Драган Даниловски, епидемиолог, смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари.
Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500.
Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија.
Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.
Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.