Состојбата со ковид-19 во Охрид станува загрижувачка, бројките на новозаболени на дневна основа се вратија како во месеците март и април.

За среќа, нема многу приеми на ковид пациенти на кои им е потребно болничко лекување, но многу големи се бројките на амбулантски прегледи, дури и по сто на ден.

Моментално на инфективното одделение се хоспитализирани 14 пациенти со Covid-19. Нема многу приеми, но зголемен е бројот на амбулантски случаи, дневно има и по стотина прегледи на инфективно и интерно, вели за Супер радио и Охридпрес директорот на охридската Општа болница, д-р Горан Балески.

Додава дека и меѓу персоналот има заболени од ковид-19, но и од сезонски грип, но засега со ротации успеваат да излезат во пресрет на сите пациенти.

Од почетокот на годинава во Охрид се регистрирани 263 новозаболени лица од ковид-19. Во истиот период се пријавени 4 починати и 105 оздравени лица. Според последните, официјални податоци на Министерството за здравство во Охрид од почетокот на пандемијата се регистрирани 7.128 ковид-19 случаи, од кои активни се 392. Денеска во Охрид се регистрирани 20 новозаболени и 38 оздравени лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.