Според професорот Љубомир Цуцуловски, менувањето на Уставот за во него да се внесат и Бугарите, ќе има несогледливи последици по целото македонско општество. „Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира“, вели Цуцуловски.

ПАРЦИЈАЛИЗАЦИЈА. Нормална и разбирлива е можноста секој припадник на бугарското малцинство во Република Македонија да може слободно да ја изразува својата етничка припадност, без да има какви било последици за тоа. Меѓутоа, сосема неразбирливо е ова малцинство да влезе како конститутивен елемент во Уставот, на кое (под некакви услови) се сеглосува претседателот на Државата Стево Пендаровски, така и претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи последиците од ваквата одлука ќе имаат несогледливи димензии за целото македонско општество. Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира. Конечниот резултат, суштински гледано, ќе биде исчезнување на категоријата граѓанин, без која не е можна современа, демократска и ефикасна држава во секој поглед. На дело е, за жал, парцилизација на Република Македонија, процес на кој скоро никој не му се спротивставува, вели професорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.