Вчера објавивме дека фирмата Метролаб, основана од Ермир Имами, кој бил вработен како шалтерски работник кај братот на Артан, Ветон Груби, добила акредитација за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија, oбјави Миле Лефков.
Имено според чл.6 од Законот за метрологија, Бирото, учествува во постапката за акредитација на лаборатории за калибрација и тестирање врз основа на Законот за акредитација, и врши надзор над работењето на правните лица овластени за извршување на одделни работи од областа на метрологијата, такво правно лице е Метролаб, основана од Ермир Имами, во тоа време вработен кај Груби.
Бирото за метрологија е од клучно значење во целиот процес, затоа денес ќе презентираме факти, која е Мерита Мустафаи, директор на Бирото за Метрологија, што се крие зад неа и каков имот.
Мерита Мустафаи од ДУИ, која го овозможува бизнисот на човек близок до семејството Груби, во својот анкетен лист пријавила два стана во Тетово и едно теренско патничко моторно возило, Шевролет Каптива, сите на име на нејзиниот сопруг, но и два кредити, од кои едниот е еднаков со вредноста на станот во Тетово, кој е купен во истата година кога е земен и кредитот.
Вака анкетниот лист не е спорен, доколку не се знае фактот, дека сопругот на Мерита Мустафаи, Ељмир Мустафаи, поседува луксузна хациенда на Попова Шапка од над 150м2.
Ова е хациендата на Попова Шапка, на Мустафаи, која овозможува човек близок до Груби да добие акредитација за баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и течен нафтен гас.
А ова е имотниот лист на сопругот на Мустафаи, кој е потврда дека истата е негова.
Ова е анкетниот на Мерита Мустафаи, од кој се гледа дека истата не ја пријавила луксузната хациенда.
Хациендата на Мустафаи е почната со градба во 2020 година, тоа може да се види од овие сателитски снимки, тоа е една година пред Ермир Имами, вработен кај Груби, да ја основа Метролаб, а истата е завршена со градба веќе август 2021 година, ја има и снимката.
Зошто Мустафаи не ја пријавила хациендата? Што се крие зад тајниот имот?
Со кои средства е направена хациендата и дали семејството Мустафаи има доказ за потеклото на парите со кои е направена хациендата?
Јавно ги повикуваме институциите, на чело со ДКСК, но и ЈО и сите финансиски институции во државата, да отворат истрага и да утврдат со кои пари семејството на Мустафаи ја гради хациендата на Попова Шапка, но и зошто таа не ја пријавила?
Време е за одговорност на кадрите на СДС и ДУИ.
Утре продолжуваме со нови детали за бизнисите на луѓе блиски до Груби, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.