Констатирање на оставката на претседателот Димитар Ковачевски и на целото раководство, утврдување на времената рамка за одржување на отчетен конгрес, правилниците и критериумите за изборот на новиот претседател на СДСМ, се точките за кои вечерва расправа Централниот одбор на партијата.

За време на состанокот, членот на ЦО Аднан Џаферовски преку социјалните мрежи предупреди дека „се случува фијаско“ и дека во седиштето на СДСМ „вечерва има повеќе криминалци од членови“.

По оставката на лидерот на партијата Димитар Ковачевски и на целото раководство на партијата, во понеделникот Извршниот одбор на партијата донесе одлука за распишување на вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои се закажани за 30 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.